Спектакуларната Pink PP, како што во Valentino ја нарекуваат бојата која доминира во новата Urban Riviera колекција, преставува и синоним за нивните летни, разиграни изгледи.
Доминираат мини фустаните со розов архивски принт који носи белег на летна, заводлива атмосфера.
Фустаните на Valentino како да ги истражуваат летните експресии во Urban Riviera колекцијата, наменета за сезоните пролет/лето 2023 година. Освен чудесната боја, впечатливи се и креативно кроење и дистигнитивните детали за чиста индивидуалност на создаденото.
Според белешките за Urban Riviera на Valentino, романтичните кодови на колекцијата се инспирирани од светот на Couture и овој пат се применуваат на минимални силуети, создавајќи чувство на слобода и на современото само-изразување./М.М.