Nicolas Ghesquière, уметничкиот директор за женска облека во Louis Vuitton и вљубеник во архитектурата и евокативниот дизајн, отсекогаш внимателно ги одбирал местата за преставување на неговите колекции. Таков беше случајот и со модната ревија на која викендов е преставена крузер колекцијата на Louis Vuitton за 2023 година, одржана во Институтот за биолошки студии Salk, во Сан Диего, дело на архитектот Louis Kahn.

https://eu.louisvuitton.com/eng-e1/magazine/articles/women-cruise-2023-show#

Ghesquièrе модната ревија ја реализира во доцните попладневни часови, токму кога сонцето заоѓаше на тивката заднина на океанот крај Сан Диего. Комбинацијата на сончевите зраци и на трепетлива вода беа во златна нијанса, трансформирајќи се што допираат во злато, се истакнува во официјалните белешки за модната ревија.

Презентацијата пред самракот започна со забавено темпо, со манекени облечени во обемни жакард наметки инспирирани од Средниот век. На типичен начин за Ghesquière, ова спојување на старото и новото продолжи со метални вкрстени горни делови кои наликуваа на модерни оклопи и беа комбинирани со метални чизми или патики. Преголемите ленени шалови се носени со блескави микро-мини здолништа и надополнети со научно-фантастични наочари за сонце.

Колекцијата е своевиден блескав свет на дворот на кралот Артур кој се сретнува со апокалиптична иднина, антички мистицизам и вселенски патувања, а сето е засилено со калифорниското сонце, кое брендот го опишува како „почесен гостин во колекцијата Cruise 2023“.

Во средината на споменатите „блескави“ метали, кожни детали и хромирани завршетоци, преставено е виножито на бои: од тропска палета на сина, лимета зелена, шербет жолта, доматно црвена и мандарина, за да ја доловат диско димензијата на колекцијата.

Модата, на крајот на краиштата, треба да биде безгрижно, флуидно искуство, интуитивно обединување на старото и новото, како што впрочем стои и во белешките за колекцијата./М.М.

 

More in:Мода

You may also like

Мода

Zimmermann rezort 2023

Nicky Zimmermann неделава ја претстави својата колекција за на одмор, за наредната – 2023 година. ...
Мода

Афродизијак од Tony Ward

Либанско- италијанскиот дизајнер Tony Ward својата есенско/зимска колекција ја наслови со прашањето: Каде е Афродита?, ...

Comments are closed.