На годинешниот „Охрид фест„ за прв пат ќе настапи Кристијан Рахимовски, синот на Аки Рахимовски, легендарниот вокал на „Парни ваљак„.
Благодарен сум за поканата на „Охрид фест“ и верувам добро ќе се забавуваме на фестивалот. Песната што ќе ја изведам се вика „Само љубав“ и во вистинско време е, вели Кристијан Рахимовски.
Цел живот слушам за Охрид, ми зборуваше татко ми, таму имаше многу пријатели, се надевам дека некои и ќе запознам. Ова за мене е прилика уште повеќе да се поврзам со своите корени, затоа што го носам македонскиот ген. Срцето ми е полно, а дека премногу се радувам на доаѓањето, малку е да се каже.
Македонија допрва ќе се запознае со мојата работа, огромна желба ми е да продолжам она што го правеше татко ми, истакнува Рахимовски. Среќен сум што во себе си ги спојувам Хрватска и Македонија./М.М.
More in:Вести
За Pamela Anderson без шминка и – за храброста…
На 34-то доделување на годишните Gotham филмски награди во Њујорк присуствуваше и американската актерка Pamela ...
На 13-ти и 14-ти декември – Винодонија 2024
На 13-ти и 14-ти декември, во хотелот „Мериот“, во Скопје , ќе биде одржано осмото ...
Pantone ja одбра ‘Mocha Mousse’ за боја на 2025 година
Pantone издаде соопштение за изборот на „Мока мус“ (Mocha Mousse – Pantone 17-1230) за боја ...
Во сабота, на концертот „Македонијо, во срце те носиме“ уште една песна испеана од Гоце Николовски
Во сабота, на концерт „Македонијо, во срце те носиме“, во Македонската филхармонија, ќе биде изведена ...