![](https://i0.wp.com/modamoda.mk/wp-content/uploads/2020/11/pudra-Estee-Laude1.jpg?resize=800%2C400&ssl=1)
Навраќање кон саканите бајки во стилот на Estee Lauder, како идеја за убав, впечатлив подарок.
Тоа се компактните пудри со дизајн инспириран од бајките и создаден во соработка со Disney, со златести силуети на саканите принцези. Дизајн наведува на слатките спомени од нашето детство, со вечните бајки и пораките за силата, љубовта и пријателството.
Monica Rich Kosann, дизајнерката на луксузен накит, го потпишува единствениот дизајн на компактните пудри. Комплексниот дизајн, ексклузивната изработка, совршената компакт пудра (24 oz./6.9g) пристигнува во елегантна кутија за презентации и во кадифена торбичка за заштита.