NikeSkims – една формула за спортување со стил од два бренда.- Првото издание содржи седум колекции и 58 модели, достапни од 26 септември.
По месеци шпекулации и одложувања во производството, светски познатите брендови Nike и Skims ја претставија својата прва заедничка колекција. Новата линија, наречена NikeSkims, замислена како „нова естетика и систем на облекување, создаден со опсесија кон телото“, ги комбинира експертизата на Nike во спортската индустрија со „solution-first“ пристапот на Skims.
Првото издание вклучува седум колекции со вкупно 58 силуети, кои нудат целосна спортска гардероба – од основни градници до сезонски модни додатоци. Дизајнот е претежно во неутрални нијанси, а облеката е наменета за различни активности – од тренинг во студио и фитнес во сала, до секојдневна динамика.
Главното понудено портфолио се темели врз три линии што ќе се обновуваат со сезоните. Колекцијата „Matte“ брои 21 модел со средно ниво на компресија и технологијата Dri-Fit на Nike, и има својства за апсорбирање на потта. „Shine“ е развиена за тренинг на сила, со сјаен финиш и брзосушечка структура, додека „Airy“ нуди седум мрежести парчиња во тесни и пошироки кроеви, предвидени за активности со ниско оптоварување.
Дополнително, четири сезонски линии – Vintage Seamless, Matte Tricot, Weightless Layers и Shiny Nylon – овозможуваат комбинации и прилагодување на стилот според животниот ритам на оние што ќе ги носат.
Првата колекција ќе биде пуштена во продажба на 26 септември, паралелно со кампањата Bodies at Work, која преку фотографии и филм ги прикажува силата и разновидноста на жените во спортот.
Според Ким Кардашијан, основач на Skims, колекцијата ги спојува најсовремените перформанси со смел, стилски дизајн, овозможувајќи им на спортистките да се движат лесно и да ги освојуваат своите цели со самодоверба.
Претседателката на Nike, Ејми Монтани, додаде дека NikeSkims претставува „смела еволуција во начинот на кој жените го доживуваат спортот и стилот“ и е дел од пошироката посветеност на брендот кон „неа“.
NikeSkims ќе биде достапна преку официјалните онлајн продавници на Nike и Skims, како и во одредени продажни локации на двата бренда.

You may also like

Comments are closed.