По големиот успех и соработката со познатиот моден двоец D&G (долче и габана) на нивната кампања и ревија, нашиот врвен модел Ивана Манас повторно се враќа на голема врата во модниот бизнис. Во текот на престојот во Атина минатиот месец, освен другите ангажмани, го изработи и модниот едиторијал за престижниот ELLE магазин. Зад целиот проект стои професионалниот тим на магазинот, а прекрасните локации на кои е снимано се од околината на Атина.
Ивана веќе има големо и богато модно портфолио, како на пример модниот едиторијал за магазинот Vanity Fair, кампањата за брендот Арабал, или ревијата за фасцинантниот дизајнер Rick Owens.
Во моментов во тек се договори за новата модна сезона, посочуваат од нејзината матична агенција Моделс ИН Менаџмент од Скопје. Од исходот зависи дали ќе се врати во Милано или ќе замине за Париз.
Моделс ИН Менаџмент