Драг за женските срца и воодушевувачки со својот сјај, безвременскиот дијамант е инспирацијата на Zuhair Murad во дизајнот на есенската колекција на венчаници.

Колекцијата за есен-зима 2022 година, според дизајнерот, маѓепсува во својата единствена привлечност, со камења во кабошон, наредени во повеќеслојна шема за здолништата, во единствен крој, во свилен тул во боја на магнолија, со корсети што ја истакнуваат половината и се целосно украсени со деликатна мешавина на пенливи кристали во екр и сребро.

Везот флертува со своите дезени, низ мешавина од остри агли и густото крешендо од блескавиот сјај на кристалните орнаменти.

Етеричните и шумливи фустани, со пенлива чипка, го чуваат блескот на љубовниот шарм и ја овековечуваат љубовта.

Свилениот тафт, нежно обвиткан околу силуетета, паѓа на подот за гламур што предизвикува стравопочит. Светлината ги краси беспрекорните контури на наметката, обвиени со аура од свила Микадо, олицетворение на заведувањето.

Луцидната и беспрекорна колекција, според Zuhair Murad е сосема нарочно токму таква, за да го одбележи посебниот ден./М.М.

https://www.zuhairmurad.com/en/bridal-fall-2022

 

 

More in:Мода

You may also like

Мода

Zimmermann rezort 2023

Nicky Zimmermann неделава ја претстави својата колекција за на одмор, за наредната – 2023 година. ...
Мода

Афродизијак од Tony Ward

Либанско- италијанскиот дизајнер Tony Ward својата есенско/зимска колекција ја наслови со прашањето: Каде е Афродита?, ...

Comments are closed.