Bobe's bakery

Потребни состојки:

  • килограм брашно,
  • шест јајца,
  • мала лажица сол,
  • 50 мл. масло.

За филот: 100 гр. обарен спанаќ, измешан со 250 гр. урда, сол (доколку урдата не е солена), јајце и бибер по желба.

Bobe’s bakery

Подготовка:

На работна површина се става брашното во чија формирана средина се ставаат јајцата, маслото и солта. Се замесува потврдо тесто – да не се лепи на рацете. Тестото убаво се меси – додека да стане мазно. Се формираат топчиња со големина колку и овошјето киви. Топчињата се премачкуваат со масло и се покриваат со растеглива фолија, за да не се сушат.

Bobe’s bakery

Тестото се остава да одмори десетина минути.

Се зема топче тесто и се поминува низ машината за тестенини неколку пати  – треба да се направи долга лента, но не многу тенка. На лентата во средина се става по едно топче фил. Потоа лентата се преклопува по дожина, се притиска со прст меѓу секој фил, за потоа равиолите да се сечат. Секоја равиола се става на памучен чаршав.

Кога се готови,  равиолите се варат во зовриена вода 15 минути. Сосот и преливот се по избор. Наздравје!/Б.Б.

Bobe’s bakery

ММ кујна

Чиа пудинг

Започнете го денот со перфектен, вкусен и хранлив појадок што подолго време ќе ве држи ...

You may also like

Comments are closed.