Да се стоплиме со вкусна крем супа од тиква, декорирана со испржени листови од тиква, двопек и магдонос

Потребни состојки:

  • 1,5 кг тиква,
  • 6 лажици маслиново масло,
  • 2 кромида – исечкани,
  • 3 лукчиња,
  • мало парче ѓумбир – изрендано,
  • 3 парчиња двопек исечкан на коцки ,
  • 2 пакувања бујон од зеленчук,
  • магдонос,
  • сол и бибер по желба.

Подготовка:

Со нож за лупење ( компири ) сечеме 15 тенки и долги листови од тиквата.

Ги пржиме, пред да ја сервираме крем супата, во загреано масло 3-4 минути да заруменат и ги ставаме на хартија да го впие маслото.

Останатата тиква ја сечеме на парчиња, ја редиме во тава, ја полеваме со 2 лажици маслиновото масло и ја ставаме да се пече 40 минути, во загреана рерна на 200Ц.

Во тенџере, со 4 лажици маслиново масло, загреано на средна температура, 4 до 5 минути се пржат кромидот, лукчињата и ѓумбирот. Се додава литар вода, двете коцки бујон од зеленчук, сол и бибер по желба, како  и испласиранатан печена тиква. Супата се вари десетина минути, на средна температура..

Крема супата се сервира во длабок тањир, одозгора се украсува со крцкавите пржени ленти од тиква, неколку коцки двопек и се наросува со свеж магдонос.

 

ММ кујна

Мафини со вишни

Во сезоната на вишните, мафините со ова освежително овошје се безмалу задолжителен десерт. Нашиот рецепт ...

You may also like

ММ кујна

Чиа пудинг

Започнете го денот со перфектен, вкусен и хранлив појадок што подолго време ќе ве држи ...

Comments are closed.