Сопственикот на Gucci, како и на озогласената Balensiaga, во втората половина од годината предвидува нов пад од 30 отсто на приходот.
Приходите на групацијата Kering, од 9,1 милијарди евра, за првото полугодие, претставуваат пад од 11 отсто во однос на истиот период минатата година. Во вториот квартал, приходите изнесуваа 4,5 милијарди евра, што е исто така пад од 11 отсто на споредлива основа.
Оперативните приходи паднаа на 1,6 милијарди евра, а нето приходот што и се припишува на групацијата изнесува 878 милиони евра.
Новиот пад на Kering групацијата, која е сопственик на познатите брендови Gucc и Saint Laurent, како и на озогласената Balensiaga, проектиран е на 30% од оперативните приходи за втората половина на 2024 година. Оваа прогноза се базира на остварените финансиски резултати во првата половина од годинава.
Kering објави приход на групацијата од 9,1 милијарди евра за првата половина на 2024 година, што е пад од 11% на споредлива основа. Повторливите оперативни приходи бележат пад од 42%, а нето приходот што и се припишува на групацијата изнесува 878 милиони евра.
Прогнозираниот пад на оперативните приходи ги одразува тековните неизвесности и ослабената побарувачка на луксузни производи, особено забележани во првата половина од годината. Веројатно тука се мисли и на торбите co облик на кеси за ѓубре, од 2000 евра, престилките за во кујна од 999 евра и Lois чантите od 1200 evra, што Balensiaga се обидуваше да ги продава како статус производи. По контроверзната кампања со злоупотреба на децата, која досега остана без правна завршница, пазарот е тој што ја казнува Balnsiaga, a едновремено и Kering групацијата.
François-Henri Pinault, претседател и извршен директор на Kering, го призна предизвикувачкото пазарно опкружување, нагласувајќи ги напорите на компанијата да создаде услови за враќање на растот.
По скандалот, деловните резултати на Balensiagа не се прикажуваат одделно, туку како други куќи и Kering Eyewear. Кај нив е пријавен пад на приходите од 7%, додека Kering Eyewear продолжува да расте, со зголемување на приходите од 5%.
И покрај педизвиците Kering останува фокусиран на стабилизирање на својот бизнис во актуелните пазарни услови. Во соопшението за медиумите се вели дека групацијата останува посветена да го искористи своето разновидно портфолио на брендови за да се движи кон овие предизвици и да бара можности за раст./М.М.
More in:Вести
На седми декември, завршен концерт на проектот “Македонијо во срце те носиме”
Завршниот концерт на двегодишниот музички проект “Македонијо во срце те носиме” ќе се случи на ...
Роденденски попуст од МТЕЛ
Во месецот кога МТЕЛ го одбележува својот роденден – три години успешна работа на македонскиот ...
Пригоден попуст на свечените фустани на Monika Dimova
Monika Dimova за овој Black Friday нуди ексклузивни попусти на целата колекција свечени фустани. Облеката ...
Пожарникарите и Стојанче Ангелов, директор на ЦУК, се избрани за „Мажи на годината 2024“
На седмото издание на престижната манифестација „Мажи на годината“, одржана во Националната Опера и Балет, ...