Италијанскиот бренд Roberto Cavalli на модната недела во Милано (Milan Fashion Week) се претстави со колекцијата инспирирана од Сицилија, едновремено посветена и на секавањето на легендарниот дизајнер, основачот на модната куќа.

Дизајнирана од Fausto Puglisi, колекцијата го комбинира сицилијанското наследство со традиционалната смелост на Cavalli. Насловена како „Views from Zancle“, црпи инспирација од античкиот град Месина, користејќи притоа природни ткаенини како јута, рафија и свила. Со асиметрични дизајни и богати текстури, колекцијата ги евоцира пејзажите на Сицилија. Puglisi ги врати и изгледите на Roberto Cavalli од раните 2000-ти, вклучително и зебра принтовите и наметките со пердуви, оддавајќи почит на наследството на брендот.
Како прво шоу по смртта на основачот, колекцијата го означува тој потресен момент за куќата на Roberto Cavalli со повторно разгледување на некои од најпознатите иконски парчиња на брендот. Puglisi оддава почит кон делото на озновачот, со дизајни од архивите од раните 2000-ти. Со нив е направено драматично враќање на пистата на симболите на бестрашната креативност на починатиот дизајнер.
Потврда на трајното влијание на Cavalli е и дебито на капсулна колекција насловена „Zebra 2000“. Достапна за купување веднаш по ревијата, оваа колекција го носи потписот на Cavalli во сегашноста, дозволувајќи и на новата генерација да ја доживее смелоста што го дефинираше неговиот бренд.
Колекцијата пролет-лето 2025 на Fausto Puglisi за Roberto Cavalli е и почит и изјава. Тој го почитува минатото додека отвара нов пат за модната куќа, длабоко поврзан со природниот свет и личната историја на дизајнерот./М.М.

 

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.