Аdidas

Аdidas  во соработка со компанијата за очила Marcolin создаде футуристички очила за сонце во ограничено издание од 150 парчиња, наречени 3D CMPT.

Мат црните рамки се направени  со најновата генерација на 3D печатачи кои ткаат флексибилна најлонска структура. Специјален слој создава текстуриран гумиран ефект низ спиралната површина. Очилата за сонце се изградени за да се носат при спортување и во секојдневниот живот, со контактни точки што не се лизгаат и обезбедуваат удобност и стабилност за време на динамична активност. Благодарение на шупливата структура и лесните поликарбонатни леќи, 3D CMPT тежи само 20 грама.

Аdidas

„Од adidas DNA,, која се карактеризира со постојана потрага по материјали со високи перформанси, доаѓа рамка наменета да остави свој белег во еволуцијата на очилата, благодарение на најмодерните технологии, се истакнува во пригодното соопштение на Аdidas./M.M.

Модни додатоци

Balmain B-Buzz

Италијанската модна куќа Balmain годинава ја започнува со нова колекција на чанти, наречена B-Buzz, наменети ...

You may also like

Comments are closed.