Најновото, 29-то издание на манифестацијата Златна бубамара на популарноста“ годинава ќе биде одржано на 26 февруари, во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.
Мотото на ова издание е „Апсолутна власт – апсолутна забава“ и, според најавите на
организаторите, преку музички и сатиричен пристап ќе понуди осврт на настаните и на појавите
што ја одбележаа изминатата 2025 година. Во програмата е најавено учество на познати уметници
од земјата и регионот.
Од организацијата информираат дека на сцената ќе настапи и светски познат музички изведувач, чие име ќе биде објавено во деновите пред настанот.
Билетите за манифестацијата се во продажба преку платформите MKTickets“ и Kar:“, како и во
цвеќарницата „Розе Веро 2“. Како што е соопштено, посетителите на своите седишта ќе најдат и
освежување.
Златна бубамара на популарноста традиционално се одржува како музичко-сатиричен настан што
ги обединува сценските уметности и јавниот живот, и секоја година привлекува голем интерес кај публиката.



















