За колекцијата: инспирирана е од серијата Brave new world, направена според истоимената книга на Aldous Huxley која, патем, ја имам прочитано уште во средно училиште и ми остави силен впечаток, тоа ме привлече да ја гледам и серијата, бидејќи целата дистописка тема, за жал, одговара на моментот кој го живееме… Серијата е одлично визуелно доживување и беше директна инспирација за креациите од Brave new world – пролетната Black label колекција на Алшар. Елегантни чисти линии со елементи на сафари, доловени преку креациите со надворешни џепови, потоа минималистички креации, збогатени со набори, креации со колор блок комбинации… Боите се топли, земјени тонови, нијанси на кафено и беж(крем) искомбинирани со црна и бела, асоцираат на природа и топлина и одлично се комбинираат со додатоци од природни материјали, дрво, рафиа бамбус и кожа, во боја на камел. Креациите од Black label колекциите се уникатни, што значи не ги мултиплицираме и се по едно парче. Изработени се со големо внимание и од природни високо-квалитетни ткаенини, како памук и свила. Многу битно во оваа ситуација ми беше да ги направиме креациите носливи и удобни, почитувајќи ги моменталните потреби на нашите клиентки, сепак  и покрај тоа тие да имаат силен дизајнерски печат и да содржат доза на магија, која ни е потребна во моментов 😊

Креациите го доловуваат сензибилитетот на урбани девојки, со истенчено чувство за мода и естетика…… Оваа колекција веќе ја надполнуваме со по кежуал креации од нашата White label линија, кои ја следаат оваа приказна…

На мое огромно задоволство, за фотографирање на колекцијата соработувавме со Ана Чаловска, од блогот Скопје се носи и моделот Ана Ежова. Фотосесијата е направена во моето омилено место во Скопје – Музејот на современа уметност, со чевлите на кумановскиот бренд Боос чевли, а за фризурите се погрижи Маријана Ковачева од фризерското студио Нирвана./M.M.

More in:Мода

You may also like

Мода

Zimmermann rezort 2023

Nicky Zimmermann неделава ја претстави својата колекција за на одмор, за наредната – 2023 година. ...
Мода

Афродизијак од Tony Ward

Либанско- италијанскиот дизајнер Tony Ward својата есенско/зимска колекција ја наслови со прашањето: Каде е Афродита?, ...

Comments are closed.