
Дали јојобата е таинствената состојка која овозможува раст на здрава, убава коса?
Маслото од јојоба го храни скалпот, го намалува кршењето и го поттикнува растот на косата.- Освен оризовата вода и маслото од рузмарин и јојобата, според дерматолозите, може да придонесе за долга, здрава и убава коса.
Во светот на природната козметика, сè повеќе внимание добива јојоба маслото – дар од природата со повеќекратни придобивки за косата и кожата на главата. Извлечено од семето на растението Simmondsia chinensis, јојоба маслото е богато со витамини, минерали и природни восоци кои на единствен начин го негуваат и зајакнуваат влакното.
Според дерматолозите редовната употреба на јојоба масло може да придонесе за подобрување на структурата на косата, намалување на воспаленија на скалпот и создавање оптимална средина за раст на нова, здрава коса.
„Јојоба маслото по составот е најслично на себумот – природната маснотија која ја лачи човечката кожа. Благодарение на тоа, брзо се апсорбира и делува како природен хидратант, омекнувач и заштитник на косата“, вели трихологот Кимберли Блејкли.
Маслото е богато со витамин Е, витамини од Б-комплексот, цинк и бакар – елементи кои ја зајакнуваат косата од коренот до врвовите. Според дерматологот д-р Неера Нејтан, постојат индикации дека ова масло делува благопријатно врз фоликулите, го намалува воспалението и може да помогне во борба против опаѓањето на косата.
Јојоба маслото може да се користи на повеќе начини: на сува коса – неколку капки се нанесуваат на врвовите за сјај, мазност и спречување на расцветување; како третман – се дкодава во маска за коса, со употреба на топлинска капа за подлабоко навлегување, како и директно на скалпот – се масира неколку минути, по што следува миење со благ шампон.
Кај луѓето со тенка коса се препорачува нанесување преку ноќ и миење наутро, за да се избегне мрсен изглед. Кај кадрава или густа коса, маслото се применува како предстилизирачки третман – нанесено на влажна коса пред креми и гелови. Инаку, јојоба маслото се смета за безбедно за сите типови коса и кожа.