Македонскиот супермодел е заштитно лице на кампањите за Fashion & Friends и на Extreme Intimo
Македонскиот интернационален модел Татјана Јанушева – Тати стана заштитно лице во новите кампањи на познатите светски модни брендови: Fashion & Friends и Extreme Intimo.
Снимањето за Fashion & Friends, бренд добро познат и на македонскиот пазар, се одвиваше на неколку локации во Шпанија, додека новата кампања за Extreme Intimo беше реализирана на прекрасните плажи во областа Аја Напа, на Кипар.
Јанушева, која спаѓа во редот на најуспешните македонски интернационални модели, се издвојува со својата единствена убавина и врвен професионализам, посочуваат од нејзината матична агенција Моделс ИН, од Скопје. Нејзиното богато портфолио вклучува соработки со реномирани светски брендови и дизајнери, што ѝ обезбедува постојано присуство на модната сцена. Горди сме на сите нејзини светски успеси, истакнуваат од Моделс ИН, новите ангажмани уште еднаш ја потврдуваат позицијата на Тати како значајно име во светот на модата./М.М.

More in:Модели

You may also like

Comments are closed.