Архитектонска фирма Trahan Architects, создаде невообичаен павилјон за одржување на разновидни настани во Спрингдејл, Арканзас, каде што се комбинираат иновативниот дизајн и функционалноста. Павилјонот, изработен од атмосферски челик, во само две точки ја допира земјата, давајќи му оригинален, етеричен, „бестежински“ изглед и покрај неговата робусна структура.
Павилјонот служи и како место за настани и како засенчен простор. Создаден во соработка со Spackman Mossop Michaels, павилјонот има „свиткана„ форма со која се покрива мала сцена и простор за околу 3.000 посетители.
Структурата вклучува местење на рачно свиткани челични панели, изработени со помош на техники што се користат во градење на бродови. На долната страна се поставени светлосни ленти по должината на панелите. Се очекува со текот на времето, челикот да развие природна патина, спојувајќи се со околината.
По многу нешта оригиналниот павилјон стои како симбол на иновации и на функционалноста, нудејќи простор за различни настани, истовремено зголемувајќи ја естетската вредност на паркот и на заедницата./M.M.
More in:Екстериер - Ентериер
Krzywy Domek – чудна, најчудна!
Кога порталот Village of Joy ја објави листата на 50 најчудни градби на светот, првото ...
Завршена првата фаза на Wоven City, градот на Toyota
Јапонскиот производител на возила, Toyota, објави дека архитектонското студио BIG ја заврши првата фаза од ...
Пустинските ветрови и метро станицата во Ријад
Во финансискиот кварт King Abdullah во Ријад викендов е отворена метро станица чиј дизајн е ...
Кинеска архитектура на природата
Како впечатлив спој на архитектурата и природата, Line+ Studio изработи две извонредни градби во Жеџијанг, ...