
Најпознатите песни на Сергеј Ќетковиќ ќе бидат во оркестарска верзија, со Битолскиот камерен оркестар
На 3 август, во Античкиот театар во Охрид, ќе се одржи концерт на Сергеј Ќетковиќ, еден од најпознатите музички изведувачи од регионот. Настапот ќе биде проследен со изведба на неговите најпознати песни во оркестарска верзија, во соработка со Битолскиот камерен оркестар.
Во програмата ќе бидат вклучени хитови како „Нису ми дали да те волим“, „Погледи у тами“, „Љубав“, „Кофер“, „Ако те није“ и други. Настапот е најавен како вечер исполнета со емоции и музика во живо, со фокус на блискоста помеѓу уметникот и публиката.
Влезниците за концертот се достапни по цени од 900 до 1500 денари и може да се набават преку платформата YourNextEvent, како и на продажните места во Охрид.