По осум години пауза, поранешната војвотка од Сасекс ќе се глуми себе си во „Close Personal Friends“

По пауза од речиси една деценија, Меган Маркл повторно се враќа на актерската сцена. Поранешната актерка и војвотка од Сасекс, според магазинот Town&Country, прифатила улога во новиот филм „Close Personal Friends“, каде што ќе се глуми самата себе. Филмот, како што пренесуваат американските медиуми, ќе биде духовита и сатирична приказна за светот на славните, односите со медиумите и личната автентичност во ерата на социјалните мрежи. Меган Маркл ја напушти актерската кариера во 2017 година, по свршувачката со принцот Хари. По венчавката и настаните со кралското семејство, тие се преселија во Калифорнија и се посветија на хуманитарни и медиумски проекти, преку нивната фондација Archewell. Новата улога, според холивудските аналитичари, може да го означи нејзиниот официјален камбек во индустријата од која потекнува, но и да ја позиционира како фигура што го спојува јавниот активизам со поп-културата. Реакциите по најавата за враќањето на Меган Маркл во актерството се поделени. Од Buckingham Palace нема официјален коментар, но според кралските аналитичари, фамилијата ја примила веста со воздржана љубопитност, сметајќи дека улогата е повеќе лична изјава отколку контроверзен потег. Принцот Хари, пак, целосно ја поддржал нејзината одлука, оценувајќи дека по осум години повлекување од Холивуд, таа има право повторно да се врати на својата професија. Во јавноста и медиумите реакциите се поларизирани – едни ја поздравуваат храброста и нејзиниот обид да го преземе наративот за сопствениот живот, додека други сметаат дека тоа е повеќе маркетиншки потег отколку автентичен уметнички избор. Како и да е, најавата несомнено повторно го насочи вниманието на светот кон поранешната војвотка и ја врати во центарот на глобалниот медиумски интерес.

Слика: фондација Archewell.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.