ВестиКултура на живеење

Златните покани го открија тајниот настан – доаѓа „The Haute Wed Gala“

Првиот ексклузивен свадбен саем во Скопје ќе ги претстави најдобрите македонски брендови. – Спој на луксуз, љубов и македонска креативност – свадбена гала во Шато Камник на 29 мај.
Доколку деновиве размислувавме за тоа каде би можеле да водат златните покани кои се проширија низ Скопје и со тоа започнаа многу разгворои во светот на модата, сега, официјално, го имаме и одговорот на прашањето.
Златните покани, се официјалните покани за првиот езклузивен свадбен саем The Haute Wed Gala организиран од Atelier Per Sempre и Signori, со Смарагда како главен спонзор, што ќе се реализира на на 29ти мај оваа година, во Шато Камник.
Самиот настан уште од својот почеток ја навестува својата ексклузивна природа со мистериозните покани кои неуморно беа доставувани. Сега, официјално дознаваме дека настанот има за цел да промовира голем број на македонски брендови и брендови кои работат во Македонија, а
помагаат да се финализира свадбеното искуство.
Саемот треба да ја долови умешноста да се поврзаат практичноста и желбите на секоја вљубена двојка која го планира својот голем настан. Целта на саемот е да се овозможи и во нашата земја да се создаваат бајковити венчавки кои ќе бидат остварени од домашните брендови.
Оттука и самиот настан во Шато Камник, кој всушност на посетителите ќе им ја долови свадбената атмосфера на едно поразлично ниво. Посетителите ќе имаат можност да проследат екслузивни содржини инспирирани од љубовта, заедништвото и свадбените церемонии.
Освен златните покани кои се официјален документ за посета на нстанот, The Haute Wed Gala има и отворен, но лимитиран список за посетители.
Сите оние кои го планираат овој голем настан во својот живот имаат можност да се приклучат на списокот за гости, од кои потоа ќе биде селектиран одреден број на посетитили кои ќе ја добијат својата златна покана.
Она што треба да го направите за да станете дел од списокот на потенцијални посетители е да ја посетите вебстраната (ЛИНК?) и да ја пополните достапната форма за пријавување.
Бидејќи списокот е од заворен тип, само оние кои ќе добијат официјална потврда од организаторите ќе можат да присуствуваат на настанот. Важно е да се напомене дека за избраните гости има и посебен дрес код, односно сите се повикани да ги покажат своите најелегантни парчиња облека кои соодвествувале со балската продукција на самиот настан.
Ние искрено се радуваме на повеќе вакви настани кои ја слават креативноста и љубовта и со нетрпение очекуваме да видиме како ќе изгледа овој екслузивен свадбен саем./M.M.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.