КозметикаУбавина и здравје

Егзозоми – новото лице на подмладувањето

Егзозоми – мали честички што ја враќаат младоста. – Егзозомите, иднината на неинвазивната козметика се природна алтернатива со које се поттикнува кожата самата да се обновува – комбинирајќи ја ефикасноста на биотехнологијата со природниот процес на регенерација.
Науката за убавина во последно време сè повеќе се насочува кон природни решенија со кои кожата се обновува одвнатре. Меѓу најперспективните откритија се егзозомите – микроскопски честички што клетките ги користат за меѓусебна комуникација. Тие делуваат како „поштенски гласници“, носејќи сигнални молекули до фибробластите и поттикнувајќи ги повторно да произведуваат колаген, еластин и хијалуронска киселина. На тој начин не додаваат колаген однадвор, туку ја активираат природната синтеза одвнатре – со што кожата станува поцврста, поеластична и посјајна.
Колагенот, кој сочинува околу 80 проценти од сувата маса на кожата, со текот на годините постепено се намалува – по 25-тата година телото годишно губи околу еден процент од неговото производство, а до педесеттата – и до 40 проценти. Резултатот е опуштена кожа, фини линии и губење на тонус. Егзозомите се покажуваат како нов, биолошки активен одговор на овој процес.
Особено внимание привлекуваат билните егзозоми, добиени од јаболко, папаја, мандарина или алпски еделвајс, богати со антиоксиданси и полифеноли. Истражувањата објавени во *ACS Applied Bio Materials* покажуваат дека овие природни честички го забавуваат клеточното стареење и ја зголемуваат синтезата на колаген во фибробластите. Клиничките тестирања кај жени на возраст од 40 до 50 години покажале подобрена еластичност на кожата за над 20 проценти и видливо намалени брчки по само 45 дена употреба.
Според професорот Иван Вол од Универзитетот во Бирмингем, егзозомите „ја потсетуваат кожата да се обновува природно“, а естетскиот хирург д-р Костас Папагеоргиу ги нарекува „мали доставни комбиња“ кои пренесуваат молекули неопходни за регенерација. Во дерматолошките ординации, третманите со егзозоми сè почесто се комбинираат со микронедлинг или ласери, овозможувајќи длабинско дејство и забрзано создавање на нов колаген.
Глобалниот пазар на козметика со егзозоми забележува експлозивен раст: според *PR Newswire*, во 2023 година достигнал вредност од 256 милиони долари, а до 2030 се очекува да надмине 670 милиони. Иако дел од научната заедница повикува на дополнителни долгорочни студии, постојните резултати покажуваат дека егзозомите претставуваат потенцијално најбезбеден и најефикасен пат кон природно подмладена кожа – без инјекции, филери и агресивни процедури.
Имено, За разлика од класичните методи за подмладување, егзозомите делуваат на клеточно ниво и не ја нарушуваат природната структура на кожата. Класичните креми со колаген најчесто имаат површински ефект, бидејќи молекулите не можат да продрат во подлабоките слоеви, додека пептидите и ретиноидите, иако стимулираат синтеза на колаген, често предизвикуваат иритација и црвенило. Естетските третмани како ласерите, филерите или микронедлингот даваат побрзи, но и поинвазивни резултати и бараат период на опоравување. Егзозомите, пак, претставуваат природна алтернатива која ја поттикнува кожата самата да се обновува – комбинирајќи ја ефикасноста на биотехнологијата со нежноста на природниот процес на регенерација./M.M.

You may also like

Comments are closed.