
Македонскиот топ-модел сними ексклузивна кампања во Белград, под објективот на фотографскиот двоец Данило и Шарон.
Интернационалниот модел Горјана Џоја во нов фантастичен едиторијал: македонскиот модел Горјана Кулишевска — позната под нејзиниот артистички псевдоним Џоја — неодамна се најде во фокус на ексклузивна фотосесија за српското издание на престижниот моден магазин ELLE.
Снимањето се одвиваше во луксузниот, неодамна реновиран хотел „Бристол“, во Белград. Зад фото-објективот беше докажаниот креативен фотографски двоец Данило и Шарон, познати по својата соработка со врвни модни имиња на балканската и на европската сцена.
Кулишевска е со години ексклузивно ангажирана од модната агентка Јелена Ивановиќ и на нејзината агенција. По успешните ангажмани во Милано и Париз, таа работеше за неколку врвни модни брендови, меѓу кои Alexander McQueen и MOSCHINO.
„Грациозна и префинета, Џоја совршено се вклопи во гламурозниот амбиент на кампањата,“ изјавија од нејзината матична агенција Models IN Management.
Да потсетиме, Џоја е често ангажирана и на српската модна сцена. Минатата година беше заштитно лице на брендот „Мона“, а се појави и во обемен едиторијал на летното издание на реномираното модно списание Marie Claire./М.М.