
Колекцијата на haute couture на Tamara Ralph за есен/зима 2025-2026 е омаж на вечната убавина на рачната изработка и на класичниот сјај, со современ модерен израз што ја нагласува естетската прецизност на Art Deco стилот во модата.
Влијанието на Art Deco се гледа низ секој детал – од силни агли и структурирани линии до блескави надополнувања со кристали и бисери. Некои од најимпресивните парчиња се бисерни комбинации кои блескаат како винтиџ лустери, скулптурни ансамбли со кристална мрежа и големи бисери, додека драпирани и плисирани свили ја истакнуваат фигурата.
Особено внимание привлече отворањето на ревијата со резинско боди инкрустирано со рачно полирани школки, како и невестинскиот изглед со бисерна основа и мрежа со внимателно вшивани школки, кои ја завршија ревијата со поетска рамнотежа помеѓу кршливост и сила.
Според модната куќа, најновата колекција претставува соединување на елеганцијата на Арт Деко со духот на висока мода, при што секој детал – од корсетите, драпираниот сатен и свилениот крејп, до украсите од монистри и кристали – ја истакнува прецизноста, суптилната женственост и мајсторството на изработката на брендот.
Во колекцијата доминираат и впечатливи материјали како кожа од ној, омбре капути од нојски пердуви и црн баршун со срцевидно деколте, дополнети со бисерни детали или тул прекривки. Забавен момент беше минијатурната облека од тул на ќерката на дизајнерката Тамара Ралф, која ја рефлектираше облеката од пистата, потврдувајќи ја интимната врска меѓу дизајнерката и креативниот процес.
Скулптурните композиции од стотици сјајни sequins и геометриски форми ја слават ерата на Art Deco во година на нејзиниот центенар, со хармонија помеѓу драмата и прецизноста, современата сенсибилност и декоративната воздржаност./M.M.