На Неделата на високата мода во Париз Zuhair Murad ја претстави својата Couture колекција насловена како Lumineuses Cicatrices.
Преку енергична и елегантна сензуалност, Zuhair Murad раскажува приказна за блескави лузни, со кои им оддава почит на сите жени кои долго се бореле додека не станале моќни верзии на себе, откривајќи ја преку минатите болки само нивната непобедлива убавина.


Жената на Zuhair Murad во оваа колекција, според белешките за ревијата, ја отелотворува моќта на природата: како шумите што горат и се издигнуваат од нивната пепел, како ранетите лавици кои ги носат своите лузни низ пространствата на саваните. Нејзината убавина лежи во нејзината моќ секогаш да излегува посилна, да биде господарка на својата судбина. Ништо и никој не може да го попречи нејзиниот пат, нејзината потрага по спокој и среќа – и покрај нападите и разочарувањата.


Оваа колекција е за жената која не се плаши да ги покаже своите лузни. Иако можеби нема ниту еден фустан за принцеза на повидок, Zuhair Murad нуди круна за кралицата во себе, подготвена да владее со својот свет.


Таа стои високо; а оние кои ја сметаа за ранета, скршена, кревка, оние кои ја сметаа за изгубена, сведочат за нејзината неверојатна метаморфоза. Таа нема оружје: го има само погледот… оди напред, решителна… Тоа е како танц. Таа се ниша, брановидна, лесна како воздух, волшебна, опасна.Таа владее, суверена, давател на светлина, слобода и љубов. Ништо не ја спречува. Нејзиниот отпечаток е вечен.

Сложениот вез со потпис на Murad добива нова димензија оваа колекција. Експлозиите од блескави украси како да формираат соѕвездија преку наметки, со остар контраст на претставените елементи.
Zuhair Murad со својата couture колекција за есен/зима 24-25 година, создаде свет за хероина облечена во блескав оклоп создаден од нејзината внатрешна сила./М.М.

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.