Пригодната колекција ја претставува Georgia May Jagger, ќерка на легендарниот пејач на Rolling Stones, Mick Jagger, која има тргнато по стапките на својата мајка, славниот модел од 70-тите, Jerry Hall.Wrangler годинава одбележува значаен јубилеј – 75 години Wrangler Jeans. По тој повод , предвидени се бројни пригодни активности кои започнуваат со нова, пригодна колекција – Wrangler Heritage Collection, наменета за сезоните пролет/лето 2022 година. За промоција на колекцијата повторно е ангажирана британската моделка Georgia May Jagger, ќерка на легендарниот пејач на Rolling Stones, Mick Jagger, која има тргнато по стапките на својата мајка, славниот модел од 70-тите, Jerry Hall.

Колекцијата е инспирирана од децениското наследство на тексасот на Wanderer и ги вклучува најпознатите џинс модели на брендот. Фармерките го вклучуваат најпродаваниот Wild West модел, потоа популарните ѕвонарки, како и фармерките со високиот струк, инспириран од 70-тите, Wanderer. Новите, смели принтови, носат свежа алтернатива на славните винтиџ перчиња од минатото на тексасот.

Кампањата изобилува со пејзажи и иконографија на Америка, спојувајќи ја безвременската мода на западот , стилот на рок-ѕвездата и духот на авантурата.

Во пригодното обраќање од брендот велат: Од 1947 година, црпевме инспирација од оние кои живеат по свои правила и ги прават работите на свој начин, изработувајќи сигурен тексас за возачи, рок-ѕвезди и трагачи./М.М.

https://www.wrangler.com/wrangler-75.html

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.