За преставувањето на најновата колекција на Carolina Herrera, во рамките на Модната недела Њујорк, дизајнерот Wes Gordon го одбра истиот простор на кој модната куќа организира свое модно шоу во 1984 година. Не случајно, вели тој : модата, по својата природа, е минато, сегашност и иднина, но тоа не значи дека балансирањето со наследството на брендот и со барањата на модерноста се лесна работа.

Во Herrera Gordon е речиси пет години, а оваа пролетна колекција според мислењето на познавачите е неговата досега најубедлива колекција.
Морнарско-белите блузи со широки здолништа се едноставно чиста Herrera.


Се чувствувам удобно – како дома, вели Gordon. „Клучот е да прифатите да правите убава, среќна облека и да не се извинувате за тоа. Тоа чувство на радост е она поради што нашите клиенти доаѓаат кај нас.

Радоста пак во последно време, поради бројни причини, како да е дефицитарна, па Gordon следејќи го кодот на Модната куќа, одбира да печати цветови на повеќето материјали, да ги поврзува со риги, а користи и многу свила за уникатните здолништа и речиси невозможни компилации на принтови.

Во колекцијата има помалку фустани за специјални пригоди од вообичаено. Еден од таквите е тоалетата во која Kate Hudson блесна на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто./М.М.

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.