Ultrafabrics, познат производител на текстил, го претстави Volar Bio, материјал со високи перформанси и издржливост, делумно направен од рециклирани пластични шишиња. Достапен во 15 живописни бои, Volar Bio е составен од 66 проценти рециклирани, „брзо обновливи“ и биобазирани материјали.Секој линеарен метар на Volar Bio содржи 8,3 рециклирани пластични шишиња.


Овој иновативен текстил вклучува Repreve полиестер, Ecovero вискоза и биобазирана смола – Susterra пропандиол. Последново е состојка без нафта, добиена од пченка, а може да се користи за изработка на кожни алтернативи.
Volar Bio е прва Ultrafabrics колекција која се фокусира на одговорна иновација и употреба на поодржливи состојки“, соопштија од Ultrafabrics. Тоа е една од првите био-базирани ткаенини со високи перформанси на пазарот, погодна за тапацир, бидејќи може да се исчисти или дезинфицира, одржувајќи ги во истовреме стандардите за издржливост на Ultrafabrics./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.