Valentino ја надополнува својата колекција парфеми со нов мирис – Voce Viva Intensa, а го промовира Lаdy Gaga, ѕвезда на модната медиумска индустрија.
По една година, Valentino ја претстави ажурираната верзија на омилениот мирис Voce Viva, кој сега е поинтензивен. Voce Viva Intensa го отелотворува тројството на вредностите на брендот – боја, стил и висока мода. Резултатот е неверојатно харизматичен мирис кој се отвора со зачудувачки цитрусни ноти со сочен акорд на круша. Букетот бели цветови во срцето е надополнет со нов елемент – јасмин самбак, кој на парфемот му дава особено женствена нота. Меѓу основните ноти се издвојува акордот од кристален мов, зајакнат со кедар од Тексас./M.M.