ВИВА компанијата го прошири своето портфолио со нова категорија на производи која вклучува повеќе типови кечапи и доматни сосови насловени како Viva la Cucina.
Сите производи се направени од внимателно одбрани македонски домати, со цел да донесат автентичен вкус и кулинарска иновација. Viva la Cucina вклучува пет извонредни вкусови: благ и лут кечап, како и благ (класик), лут (чили) и медитерано (со зачини) доматен сос.
Од менаџментот на ВИВА изјавуваат дека нивната мисија е да создадат производи кои не само што внесуваат свежина и иновација во секојдневното готвење, туку и будат задоволство преку вистинските, автентични вкусови на нашето поднебје. Viva la Cucina е резултат на целосна посветеност кон врвниот квалитет и страста со која создаваат нешто посебно.
Петте типа на кечапи и доматни сосови се спакувани во практични флексибилни амбалажи со капаче, кои овозможуваат брза и лесна употреба, максимална искористеност и зачувување на вкусот и квалитетот.
Во своето 30-годишно постоење, ВИВА континуирано инвестира во развој на своето портфолио, нудејќи квалитетни, практични и иновативни производи на пазарот. Доматните сосови и кечапите се втора категорија со која ВИВА го проширува своето портфолио годинава, по успешното лансирање на Viva Smoothie.