Уметничката директорка на Chanel, Virginie Viard, го објави своето заминување од моднта куќа во која има поминато цели три децении. Веста што ја објави Business of Fashion, во Chanel е потврдена со соопшение, во кое се истакнува дека Virginie Viard заминува по пет години на местото на уметнички директор на модните колекции и вкупно три децении во модната куќа. Се истакнува плодната, и успешна соработка во текот на која се обновени кодовите на модната куќа и е испочитувано креативното наследство на Chanel.
Шпекулациите за замена на Viard вклучуваат познати имиња, како Hedi Slimane од Celine, поранешниот дизајнер на Valentino, Pierpaolo Piccioli и Sarah Burton, која го наследи Alexander McQueen по неговата смрт.
Chanel традиционално има дискретен пристап кога се во прашање креативните директори, а Viard се сметаше за стабилизирачка сила, по раскошната ера на Lagerfeld. Модната куќа работи успешно, со постојано зголемување на продажбата, па сега се шпекулира дека причината за прекин на соработката била во некои тврдења за намалена привлечност на Chanel. Критичарите наведувале и колекции на кои им недостасува драматичната елеганција на Karl Lagerfeld./М.М.