Од сите други столови на светот овој се разликува не само затоа што е направен од рециклирана пластика, туку и затоа што секогаш самиот се крева.

Virén Chair е стол што секогаш ќе стои доколку падне и тоа без било каква употреба на механика или роботика. За тоа да се постигне, беа ангажирани врвни дизајнери, физичари, инженери и истражувачи на Fortum.
Промовирано е и наследството на олимпиецот Lasse Virén, како и создавањето свесност за рециклирање на пластичниот отпад.
Инспиративната приказна за олимпиецот Lasse Virén е повод за создавање на истоимениот стол Virén, дизајниран да се крене самостојно секогаш кога ќе падне. Направен е од комерцијален рециклиран пластичен материјал Circo – произведен од пластичен отпад, како придонес кон растечкиот тренд на користење на рециклирана пластика.


Столот со дизајнот му оддава почит на легендарниот тркач на долги патеки Lasse Virén кој падна за време на финалето на трката на 10.000 метри на Олимписките игри во Минхен во 1972 година. Кога сите шанси беа против него, Вирен стана не само за да победи на трката, туку и да постави нов светски рекорд./М.М.
Видео приказната за создавањето и за враќањето, издржливоста и победата по падот е на следниов линк:

 

You may also like

Comments are closed.