Најновата колекција на Viktor&Rolf претставува реакција на глобалната здравствена криза и е во основа бегство во атмосфера на забава. Холандското дуо – Viktor Horsting и Rolf Snoeren, проектира позитивна енергија, го отфрла негативното размислување и ги предизвикува идеите за тоа што може да биде мода. Затоа колекцијата има малку циркуски дух, како и допир со еклектицизам во стилот на тинејџерска-спална соба, која како таква се спротивставува на традиционалните идеи за тоа што може, или треба да биде модата. За концептот на колекцијата карактеристична е прекрасната наметка во стил на арлекин украсена со лак, која делува малку како голем креативен врв на колекцијата и го следи континуитетот со колекциите од минатото, беше навистина нешто за воодушевување.
Преземајќи го пристапот „сè оди“, тие користеа елементи од сопствената архива, парчиња накит, дуксери и само остатоци од ткаенина за да создадат нов изглед. Иако силуетите беа повторливи – горниот дел од градникот и формалното здолниште, самите парчиња беа разновидни.
Инаку, Viktor & Rolf (Виктор и Ролф) е модна куќа специјализирана за креирање концептуални и авангардни дизајни. Основана е во 1993 година од холандските дизајнери Viktor Horsting и Rolf Snoeren (Виктор Хорстинг и Ролф Сонерен), по нивното дипломирање на Институтот за уметност ArtEZ во Арнхем, Холандија. Повеќе од дваесет години се обидуваат да ги оспорат предрасудите за модата и да го премостат јазот меѓу модата и уметноста. /М.М.
Новата колекција е на нивниот веб сајт: http://www.viktor-rolf.com/haute-couture/