Холандската модна куќа Viktor & Rolf на париската модна недела претстави балски фустани од тул, со впечатливи искосени и страничнно свртени силуети.

Viktor & Rolf буквално ја свртеа модата наопаку со нивната најнова колекција претставена на Haute Couture, на Paris Fashion Week.

Холандското дуо за авангарден концептуален моден дизајн претстави колекција на женски силуети во тоалети до подот, со корсети и здолништа од тул. По првите изгледи, работите станаа чудни, кога фустаните се одвоија од телата на манекенките. Фустаните станаа искосени, или сосема хоризонтални, па и целосно превртен наопаку, со здолниште што го покрива лицето на манекенката.

Валцерот на доцната фаза на капитализмот (Late-Stage Capitalism Waltz), како што Viktor & Rolf ја нарекоа својата колекција содржи 18 балски фустани, воглавно изработени од тул, који според дизајнерите, треба да потсетуваат на „златните денови“ на високата мода од средината на 20 век.
Ревијата започната со серија традиционални вечерни изгледи, набргу се претвора во презентацијата, во која моделите прикажуваат облеки одвоени од нивните тела и поставени во различни насоки.
Единствениот и тесно дефиниран „моден идеал“ е претставен и уметнички манипулиран, велат од брендот. Додека ја задржува својата идеализирана форма, фустанот се антагонизира, отуѓува и се ослободува од телото на надреален начин.

Познатото станува чудно, бидејќи секојдневното се трансформира во апсурдно и обратно. Оваа збирка го визуелизира чувството на отуѓување на кое се однесува и насловот на колекцијата, објаснуваат од Viktor & Rolf, додавајќи дека колекцијата одбележуваат и јубилеј – 25 години соработка.

Со својата деликатна атмосфера, колекцијата како да дава тон на речиси стереотипната визија за високата мода, како анахроничен сон за мека женственост“, заклучуваат Viktor & Rolf./М.М.

 

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.