Во вторникот вечерта, модното шоу на Victoria’s Secret по едно откажување и шестгодишна пауза, ги врати своите ангелски крилја во Њујорк. Моделите, меѓу кои и Gigi Hadid, Tyra Banks, Candice Swanepoel, Barbara Palvin, Behati Prinsloo, Ashley Graham, Adriana Lima и Alessandra Ambrosioја ја прикажаа најновата колекција на некогаш блескавиот бренд. https://www.victoriassecret.com/us/
Модното шоу претставува реинвенција на некогаш традиционалниот настан, неколку години откако компанијата претрпе повеќе големи промени. Во август годинава, претставник на Victoria’s Secret изјави за People дека модното шоу на Victoria’s Secret за 2024 година ќе го испорача токму она што го бараат клиентите – гламур, писта, мода, забава, крилја – сето преку моќен, модерен објектив кој го одразува брендот денес.
На пистата беа 50 модели од 25 различни земји, посочуваат од брендот. Сите се добредојдени, а ги одбравме поради нивната самодоверба и храброст.
Ова особено се однесува на некогаш славните модели, како Carlа Bruni, на Kate Moss која во шестата деценија стана ангел на Victoria’s Secret, како и на враќањето на писта на Tyra Banks.
фото Кендам
More in:Мода вести
CIAO BELLA! SKIMS и Dolce&Gabbana лансира нова колекција
SKIMS и Dolce&Gabbana создадоа нова колекција која, според соопштението, го спојува италијанскиот раскош на D&G ...
Emily Ratajkowski е новата амбасадорка на Intimissimi
Американската моделка и актерка Emily Ratajkowski стана нов амбасадор на италијанскиот бренд за долна облека, ...
Dior претставување создадено со вештачка интелигенција
Реклама за Dior, објавена на LinkedIn од David Blagojević (@davinci_production) привлече големо внимание на маркетерите ...
Стил и елеганција во новата GUESS колекција
Georgina Rodríguez, ѕвезда на Netflix документарецот I Am Georgina и сопруга на фудбалската ѕвезда Cristianо ...