Најновата рекламна кампања на Victoria’s Secret, насловена како Dream, снимена од Angelo Pennetta, претставува многу повеќе од само носталгично навраќање кон раскошното минато на брендот кој промовираше и застапуваше совршени женски пропорции.


Раскошните ентериери на Longleat House создаваат впечатлив простор за најновата колекција на долна облека, а враќањето на ангелите на брендот, Behati Prinsloo и Candice Swanepoel, освен чувство на носталгија, навлегува и во основната потка од која порасна брендот.


Успехот на кампањата лежи во нејзиниот нијансиран пристап кон женственоста. Со ставање на фокусот на зајакнувањето на жените, Victoria’s Secret суптилно ја оддалечува нарацијата од машкиот поглед, сугерирајќи дека фантазијата е вродена на самите жени и не е проекција создадена за надворешна потрошувачка.


Dream кампањата така гледано е комплексна интеракција со современоста, но и фантазија надополнета со современи чувствителности.


Одтаму, еволуцијата на Victoria’s Secret е повеќе и од сон и од носталгија – водилка е кон безвременските идеали на убавината, подалеку од актуелните трендови кои умеат и да ја злоуптребат инклузивноста./М.М.

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.