Vetements

Позадината на колекцијата на Vetements за пролетта 2022 година им е позната на корисниците на фотошоп. Графичките дизајнери на неа и работат, а за основачот Guram Gvasalia таа е размислување за дигиталното постоење, односно за тоа што е реалноста денес. Живееме во 2Д свет, во кој се поставува прашањето дали сликите на Инстаграм се фотошопирани или се реални и дали, во крајна инстанца, трошиме Интернет или тој нè троши?“

Vetements

Преставувајќи ја колекцијата на Zoom од Цирих, Gvasalia потенцира дека „ јавното мислење може да ја поттикнува Силиконската долина, но нејзините дигитални производи нè имаат поцврсто во нивна контрола од било кога. Пандемијата ги продлабочи нашите врски со нашите компјутери и паметни телефони, дури и кога копнеевме да се преобразиме со природата. Таа војна е преставена во 129 погледи на колекциата. Жиците за сервери и компјутерскиот фонт директно од „Матрикс“ се мешаат со пикселирани саламандери и цветни отпечатоци толку светли што скоро блескаат.

Vetements

Колекција не отстапува далеку од изворниот код на Vetements. Кроењето со силните линии на рамената, цветните фустани, се докажани работи. Отпечаток од пламен што се појави на фустан со обвивки и соодветни чизми, меѓу другите спортски парчиња, беше репризиран од есента 2020 година, со објаснување дека сега ќе го добие должното внимание.

„Ние 100% се враќаме назад во моментот кога можеме да патуваме“, вети Gvasalia. Во прилог на тоа, на неколку џемпери беше испечатен германскиот збор freilandhaltung. Gvasalia рече дека има двојно значење: „слободен опсег“ и „слободен ум“. Тоа е и пораката – за нешто посакувано за идната пролет!

Vetements

Брендот е основан во 2014 година од дизајнерката Demna Gvasalia и нејзиниот брат Guram, кој раководи со деловната страна на Vetements. Бројните меѓународни признанија и успешните настапи на водечките модни настани во светот не влијаа врз нивната определба да не брзаат кон високата мода, туку кон некои нови и суштестени цели./M.M.

Vetements

Vetements

Vetements

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.