Во најновата рекламна кампања посветена на Medusa 95 Kleio настапува Ningning, членka на K-pop групата. Од модната куќа истакнуваат дека токму кинеската пејачка, најмлада членка на групата К-поп е идеална да ја претстави чантата Kleio, која својата вистинска сила на изразување ја наоѓа во рацете на младата, самоуверена – Versace жена.
Чувството за пријатна леснотија со која Ningning, инаку амбасадорка на Versace ја промовира Medusa ’95 Kleio, како да ѝ дава на чантата сопствена енергија, правејќи од неа и хит на стилот на Versace.
Чантата Kleio е изработена од мека кожа и е најново дополнување на семејството Medusa ’95, кое е дефинирано со златната „глава„ на Medusa. Со името, Kleio, Versace продолжува со инспирациите од класичниот мит во кој Kleio е една од деветте митолошки музи – инспиративни божици на литературата, науката и уметноста./М.М.

You may also like

Comments are closed.