Модната писта инспирирана од лавиринт е новиот моден отпечаток на Versace за есента 2021: геометриските повторувања на La Greca – иконскиот мотив на брендот, се со остри агли, чисти линии и во повеќе бои. Според белешките за колекцијата, преработената шема претставува „моќ и самодоверба“.
Со обновениот мотив се појави и посовремена дневна облека: Версаче покажа рационализираните силуети, со заоблени рамена и струкирани линии во женската понуда за ден и сензуално расположение со многу црна тантела за вечер, како и блескави мини фустани.
Машката облека е со истата кројна линија – до телото и со интересни детали од ткаенини, како и кај женската облека. Внимание привлекуваа и структурираните торби во повеќе големини, за различно носење: клиентите сигурно ќе ги ценат прилагодливите карактеристики, кои беа на целосен приказ за време на дебито на колекцијата.
Од манекените блескаше новата мајка, Џиџи Хадид, која го отвори и затвори шоуто, а нејзе и се придружи нејзината помлада сестра Бела Хадид, Ирина Шајк и Пресис Ли се појавија на претходно сниманата писта.
Според Версаче иднината, новиот начин на комуникација со колекциите се претходно снимените модни писти. Моделите се како актери, ги оживуваат дизајните, исто како кога изведувач портретира лик. За време на снимањето на оваа емисија видов колку е важно да им се даде време на моделите да ја” чувствуваат “облеката што ја носат на пистата. Вака ми изгледа сегашноста и иднината, посочува Версаче во белешките за колекцијата и модниот настан.
Видео записот е на следниов линк: