VAND

Студиото Miio и Stouck Labs, создадоа прочистувач на водата за туширање VAND, со кој, освен заштита од бактерии, се промовира и нега на кожата и косата.

VAND е дизајниран да работи беспрекорно со било кој туш, да може да се поставува самостојно и лесно, да нема потреба од водоводџија, или дозвола на сопственикот, за брза инсталација и лесно отстранување.

VAND

Се разликува од сите други прочистувачи по своите функции: отстранува загадувачи и додава хранливи материи. Имено, VAND е двомодулен систем за прочистување на водата, кој работи во две фази. Прво, одземачкиот модул ја прочистува водата за да се отстранат загадувачите, како што се минерали, хемикалии, пластични честички, бактерии и вируси. Потоа, прочистената вода поминува низ друг модул, за додатоци, кој ја збогатува со витамини и минерали што му се потребни на нашето тело.

Така, VAND претставува и овозможува целосно ново искуство со водата за туширње.

Овој систем е дизајниран како надградба на постојните системи за туширање, без разлика дали се монтирани на таван или рачни. Покрај тоа, неговите касети со витамини и филтерот можат лесно да се заменат, кога ќе се појави потреба. Повеќе детали на : https://www.myvand.com/е /М.М.

VAND

You may also like

Comments are closed.