Twitter стана прва глобално позната социјална мрежа која преку својата платена Twitter Blue, на корисниците што поседуваат NFT-а (non-fungible tokens) им овозможува нивните дигитални дела да ги постават како прогилни слики. Овие NFT ќе се појавуваат во хексагонални полиња, наместо стандардните кружни аватари. За верификацијата на сопственоста, ќе треба да го поврзат Twitter профилот со дигиталните „паричници“, каде што ги чуваат своите NFT-а. Тоа пак ќе се остварува преку платформата OpenSea.


Со клик на хексагоналните аватари, ќе можат да се добијат подетални информации за поставениот NFT, вклучувајќи ги оние за оригиналниот креатор и „блокчејнот“ каде што е поставен./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.