Topshop создава „писта кон иднината“ што претставува спој на физичко и дигитално модно доживување
Британскиот бренд Topshop објави дека на 26 февруари 2026 година во Манчестер ќе ја претстави првата светска модна колекција и ревија целосно управувани од вештачка интелигенција – нов концепт што овозможува моделите, изгледите и целата визуелна поставка да бидат создадени дигитално, а производите да се купуваат истовремено со прикажувањето на пистата. Настанот го организира THG Studios во соработка со PayPal и Google Cloud.
Вештачката интелигенција ќе генерира модели, ќе изработува анимации, ќе ги обликува сценографијата и модните прикази, а системот ќе овозможи секој прикажан производ веднаш да биде достапен за нарачка. Публиката ќе може интерактивно да влијае врз дел од визуелните елементи на ревијата, што организаторите го означуваат како „писта кон иднината“ и како спој на физичко и дигитално модно доживување.
Настанот, сместен меѓу London Fashion Week и BRIT Awards, ќе биде сертифициран од Светската агенција за рекорди (WRCA) како прв со ваков технолошки концепт. Од Topshop истакнуваат дека проектот означува нова етапа во светот на модата: од создавањето, прикажувањето и продажбата, а го означува и моментот во кој технологијата станува клучен дел од целиот процес./M.M.
Слики: сајт на Topshop


















