Новата иницијатива за одржливост на морето, на американскиот дизајнер Tom Ford (Plastic Innovation Prize), има за цел да создаде алтернативи на пластиката преку наградување за иновации за замена на пластика. https://plasticprize.org/

Финалистите на наградата се следниве фирми: Genecis, Kelpi, Lwanda Biotech, Marea, Notpla, Sway, Xampla и Zerocircle. Опфаќаат бројни земји низ светот, од Канада до Кенија, и носат нови решенија за замена на пластиката – со неверојатни, нови материјали, како пајакова свила или алги. Избрани се во финалето за да се придвижат напред во последната рунда на натпреварот. Голем број активисти, дизајнери и познати личности се во судиската комисија, вклучувајќи ги Stella McCartney, Don Cheadle и Susan Rockefeller. Иновациите на финалистите ќе бидат тестирани од голем број компании, меѓу кои и J. Crew и Nike.

Одржливоста во модата е постојана тема на бројни дискусии и се чини дека станува се повеќе алармантна, бидејќи климатските промени продолжуваат да се влошуваат и забрзуваат. Животот во морињата добива тешки удари поради загадувањето, при што модната индустрија придонесува за голем дел од отпадот. Иницијативата, која не само што работи на преземање одговорност за еколошките штети на индустријата, туку и претставува пример за иницирање на зголемена одржливост е наградата за иновации за пластиката, односно одржлива замена за неа.

Поддржана од американскиот моден дизајнер Tom Ford и извршниот директор на Lonely Whale, Dune Ives, наградата е натпревар на иновативни ,глобални претпријатија, со цел да се создадат разградливи алтернативи на стандардната пластика, осовено за микро и нано пластиката. Добитниците на Tom Ford Plastic Innovation Prize, кои ќе бидат објавени на пролет 2023 година, ќе добијат над 1,2 милиони долари и поддршка од Lonely Whale и други компании, за да помогнат нивните производи да се најдат на пазарот.


„Она што заеднички ќе го постигнеме преку овој натпревар ќе ги катализира глобалните промени на континентите, во земјите и индустриите, а тоа е итно потребно, за да се реши проблемот на
загадувањето со пластика“, изјави Ford „Доколку океанот е загаден и е во опасност, тогаш е и планетата, а и ние“./М.М.

 

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.