Olivier Theyskens со големо внимание ги претстави 26-те парчиња на новата есенска колекција. На свој начин тие се продолжение на претставеното за есента 2021 година. Имено, долгите месеци на изолација дизајнерот ги поминуваше сам или со мал тим, работејќи на фустани направени со остатоци од ткаенинини од стари фустани, со посебна технолошка обработка, за да се потенцира нивното винтиџ чувство. За секој од моделите на новата колекција била потребна една недела за да се направи. Не постои начин да се репродуцираат овие фустани по големини, што значи дека не е преуреден само начинот на работа на Theyskens, туку и бизнис планот на неговата компанија.
Тоа покренува бројни размислувања за корпоративните суперструктури на модата и притисоците за раст. Може ли мал бизнис да напредува во глобалната индустрија? Дали креативниот директор чии одговорности се протегаат многу подалеку од дизајнерската соба може повторно да се врати кон шиењето? Ова и многу слични прашања со кои е соочен Theyskens при создавањето останува да бидат одговорени во наредниот период – пред и во текот на продажбата.
„Она што се случи во светот е толку значајно, што навистина сакав да го репрограмирам мојот бизнис“, посочи Theyskens. „Навистина, најдов многу разбирање во правењето на колекцијата. Тоа е колекција направена со чиста љубов“.
Богатите, оригинални нијанси на моделите, создадени од „искршено„ кадифе и „измиена„ свила, бараат голем талент во дизајнот и помала рачна работа за да се направат, а тоа значи и дека може да биде поевтино за стекнување, поедноставно за негување, а секако и еколошки мошне прифатливо./М.М.