Можеби она што го истражува оваа колекција, треба да се бара во прашањето за нашата дигитална ера: Што е реално? Имено, сликата може да се усогласи и дотера, а со тоа и концептите на вистината стануваат само покомплицирани.
Колекцијата на висока мода, наменета за есен/зима 2021 на Viktor&Rolf, преставена и на париската Модна недела предизвика бројни коментари и различни критики. Забележано е дека наместо колекција претставен е концепт за оригиналното и фалсификуваното, дека нема одговори за поставените предизвици и (не)вистини во круните од пластика и „хермелин крзното“ од рафија, како прифаќање на високо / ниско ниво. Понудени се синтагми од типот „la reine est mort, vive la reine“.
На модниот филм, како и на сликите направени зад сцената, на сајтот на дизајнерите Viktor Horsting и Rolf Snoeren, на посетителите им е понуден само кус текст за инспирација за колекцијата.
https://www.viktor-rolf.com/collection/haute-couture-the-new-royals-autumn-winter-2021
Во него се вели дека Haute Couture есен/зима 2021 колекцијата е инспирирана од новата генерација royals и нивното настојување да ја покажат човечката стварност зад фасадата на институцијата. Модата, како и монархијата има своја хиерархија, свои судии, свои моќни алинаси и свои Кралеви и Кралици.
Светот е опседнат со кралското семејство, можеби дури и повеќе отколку со модата: и за едното и за другото е потребно да се приреди шоу што мора секогаш да трае, без оглед на се./M.M.