Модниот дизајнер Димитар Бабков ја претстави својата најнова колекција The new moon-Тринаесеттиот ден, наменета за сезоните пролет/лето 2025
The new moon -Тринаесеттиот ден, според соопштението, претставува колекција која ги отсликува фазите на еден емоционален период. Од агонија, депресија и збунетост, до ослободување, себе-наоѓање и љубов. Го симболизира издигнувањето од пепелoт.
Структурата на колекцијата ја формираат тринаесет изгледи: фустани, комбинезони, сакоа, здолништа, панталони, блузи и други горни делови. Експерименталните текстури со тул и свила, реси и драматични волумени, делови сѐ што ја формираат целосната меланхолична слика.
Тим задолжен за претставување на колекцијата:
Фотографија: Ани Дими
Модел: Ивана Манас, Моделс Ин
Коса: Елена Николивска – Socialhairsalon
MUA: Ана Атанасиа
Осветлување и сценографија: Димитар Петровски
Благодарност до Занов Мите