Во AppleTV+ се снима серија наречена The New Look, во која темата е ривалството помеѓу модните куќи Christian Dior и Coco Chanel.
Се очекува новата модна серија да привлече големо внимание : во The New Look ќе се раскажува приказната за подемот на Christian Dior среде францускиот отпор кон нацистичката окупација за време на Втората светска војна. Насловот на серијата е по силуетата со потпис на Dior која презентираше женствен, шик изглед и брзо ја зголеми популарноста на модната куќа.


Приказната е фокусирана на освојувањето на модниот свет од страна на Dior во време кога Coco Chanel целосно доминирана на модната сцена. Од Coco Chanel ја раскажуваат приказната за ривалството на двајцата дизајнери непосредно по Втората светска војна. Овој легендарен спор меѓу овие двајца историски француски дизајнери се во фокусот на новата серија на Apple TV+.
Драмата и ривалството заедно со беспрекорните, впечатливи костими, создаваат совршен рецепт за серијалот што се очекува да ги освои најголемите вљубеници и историчари на модата. Во серијата ќе има и други големи брендови како Balenciaga, Givenchy, Balmain, Pierre Cardin и Yves Saint Laurent.
Во серијата, снимена во Париз, ќе се појават Ben Mendelsohn, како Christian Dior и Juliette Binoche како Coco Chanel. Серијата ќе биде продуцирана од Apple Studios, а сценариото, режијата и извршната продукција е на Todd A. Kessler./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.