Модната куќа ги открива тајните зад својата Cruise 2022 колекција преку истражување за грчката култура и женскиот идентитет.

Преку објективот на Marianna Economou, се открива атмосферата и деталите на создавањето на Cruise 2022 колекцијата на Dior од креативната директорка Maria Grazia Chiuri.


„The Greek Bar Jacket“ им овозможува на гледачите поглед на колекцијата зад сцената, додека снимателката ги води низ улиците на Атина – низ инспирациите со кои на крајот и се создава колекцијата.
Соработувајќи со разни ателјеа, таленти и занаетчии од регионот, Chiuri користи savoir-faire за да ги истражи длабоките врски помеѓу уметноста, традицијата и модата изразени преку културниот изблик.

“The Greek Bar Jacket” сега е достапна оваа Колекцијата, претставена во стадионот на Панатинаико во Атина, го отелотворува наследството на грчките поети и уметници, притоа прикажувајќи двојноста на женственоста, создадена од неспоредливата убавина и непоколебливата сила. Со други зборови, Maria Grazia Chiuri говори за идентитетот на модерната жена.
„The Greek Bar Jacket“ сега е достапна за гледање на каналот на Dior на YouTube./М.М.

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.