Tasca

На прославата на втората годишнина од ресторанот Tasca, во Дубаи, сопственикот и главен готвач José Avillez, создаде мулти-сензорно мени, со шест јадења во соработка со Maison Christian Dior, кое се спојува со шест мириси на Dior: Ambre Nuit, Gris Dior, Oud Ispahan, Oud Rosewood, Purple Oud и Tobacolor.

Според Avillez, соработката со парфемската куќа била со цел да ги „извади нотите од секој мирис во менито со шест јадења“. Создадени се нови јадења за кои тој вели : Исклучително сме возбудени што можеме да соработуваме со Maison Christian Dior за да го комбинираме мирисното искуство за нови јадења. Создавањето на ваков, уникатен концепт во јадењата, се надеваме дека ќе ги инспирира луѓето, на ова да гледаат како на повеќе од едноставно јадење, туку како на вистински празник за сетилата “.

Подфатот на Tasca е поттикнат од некои претходни искуства и настојувања за експериментирање на готвачите со фини мириси, за да го подигнат, интензивираат и дополнително да ги емоционализираат гастрономските искуства на гостите.

Освен овој пионерски гастрономски мирисен кросовер, познат е и коктелот 69 Colebrooke Row’s Chanel No. 5, во кој се користени некои од клучните материјали на парфемот, за да се создаде еквивалентно искуство во форма на пијалок./M.M.

Tasca

Tasca

Tasca

You may also like

Comments are closed.