Колекцијата за есен/зима 2024 на Tamara Ralph е ода посветена на Париз, на безвременската елеганција и романтичниот дух на градот.
Колекција е своевидно љубовно писмо до Париз, градот на романтиката. Ralph устројува винтиџ париска естетика, со акцент кон ерата на Nouvelle Vague во почетниот фустан, во комбинација со капа и вел. Здолништата со „рибино опавче„, јакните од црн лак и обемните деколтеа дополнително ја нагласуваат класичната париска силуета.
Црните кадифени наметки и дизајните украсени со огледалца ја евоцираа грандиозноста на ентериерите во Арт Деко, додека везените мрежести ракавици и чорапите од тантела навестуваа посета на славниот Мулен Руж.


Колекцијата понуди и нешто повеќе од класична романса: палацо панталоните со шифон, во комбинација со твид јакна беа со современ шмек, како и белите панталони со светки и мини фустанот комбиниран со макси чизми.


Со претставувањето на својата најнова колекција Tamara Ralph ја одбележа третата сезона под сопствен бренд.
Колекцијата претставува остар контраст со нејзините претходни дизајни за и на тој начин да го одбележи своето одвојување од Ralph & Russo, брендот во кој австралиската модна дизајнерка беше ко-основач. /М.М.


Колекцијата може да се погледне на следниот линк :

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.