Јапонскиот дизајнер Takayuki Fukudzava не престанува да изненадува со своите иновативни дизајни за облека и предмети за широка потрошувачка.

Минатиот септември на пазарот се појавија неговите чорапи со дупче на палецот. По кусо време чорапите станаа вирални, а колекциите пуштени во продажба на Али Експрес беа веднаш продадени.


Според дизајнерот, чорапите со дупче треба да се сметаат за модерни и еколошки. Тие се „вечни“ и немора да се фрлаат, бидејќи веќе се дупнати. Еколошката страна доаѓа од тоа што чорапите ќе издржат подолго од вообичаено, па нема ни често да се купуваат, ниту често да се фрлаат, а со тоа и да ја загадуваат околината.

Не помало внимание привлекуваат и неговите дизајни на маички со принт на скинато парче зад кое е градникот.

Тука се и полначите за телефони во облик на нос, потоа садовите за пиење што завршуваат со уста и – секако- шеговитите кукли – привезоци. Некои од нив се планинари, некои скокачи, а има и такви што се со врзани раце и висат.


Како и во случајот со чорапите и останатите колекции на Takayuki Fukudzava веднаш се продаваат./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.